Ласоцијазион InformaGiovani им нуди можност на возрасните волонтери да и помогнат на LIPU (Италијанска лига за заштита на птици) да го заштити природниот резерват на „Isola delle Femmine“, мал ненаселен остров среде морето.
Работата ќе се одвива секое утро на ненаселениот остров среде море. Волонтерите секојдневно ќе се возат со брод за да стигнат до ова место, па затоа е задолжително да знаете да пливате од безбедносни причини!
Волонтерите ќе го поддржат персоналот на природниот резерват во: одржување на постоечката вегетација (на пример наводнување на растенијата), одржување на заштитеното подрачје (како обнова на камените патеки), чистење на заштитеното подрачје од отпад бидејќи областа е изложена на разни морски текови кои носат отпад од морето и многу повеќе.
Волонтерите ќе добијат обука за морскиот биодиверзитет и функционирањето на природните резервати во Сицилија. Ќе има повеќе дебати за еколошки прашања.
Шапка и крема за сончање се задолжителни! Кампот ќе се одржи од 6 до 17 август 2023 година.
За дополнителни информации КЛИКНЕТЕ НА ИГ23-09