OTLAS е база на податоци создадена од мрежата САЛТО-МЛАДИТЕ во рамките на програмата Млади во акција и на Еразмус+ програма. Целта на оваа платформа е да го поддржи и олесни барањето партнери за меѓународни проекти.
Отлас не е акроним. Тој претставува „онлајн атлас за младинскиот сектор“.
За да започнете со користење на оваа корисна алатка потребно е да имате MySalto сметка, со регистрација на порталот SALTO. Со претплата на оваа платформа, можете да управувате со вашиот OTLAS профил со тоа што ќе спречите некој да ги менува вашите податоци, да уживате во сите услуги што ги нуди SALTO и полесно да се поврзете со други организации кои имаат SALTO сметка и OTLAS профил.
За повеќе информации, видете ја страницата ВЕБ-САЈТ ТУКА.