Иницијативата Up Grants 2024, од Европската мрежа на културни центри, обезбедува микрофинансирање за социо-културните центри кои се со седиште во земја која се придржува кон Програмата Креативна Европа. Во центарот се проектите кои промовираат инклузија, особено во една од овие четири тематски области:
- Е-вклучување и дигитална пристапност: креирајте апликации, алатки, веб-страници (и слично) кои го олеснуваат пристапот на заедницата до новите технологии, без оглед на факторите како способност, возраст, географска локација, јазик, образование, писменост, култура и економска ситуација.
- Изградба на инклузивни наративи и приказни кои се спротивставуваат на стереотипите, почитувајќи различни култури. Ќе се охрабруваат ад хок активности за обука и едукација за маргинализираните групи.
- Проекти за идентификација и отстранување на тешкотиите со кои се соочуваат маргинализираните групи. Целта е да се создадат „отворени“, физички и виртуелни простори: кандидатите мора да го илустрираат влијанието на активностите спроведени за подобрување на инклузијата.
- Критериуми за еднаквост и различност во менаџерските тимови: вклучително и пол, етничка припадност, но и возраст, способност, сексуална ориентација, религиозни убедувања, социо-економски статус, јазик. Од кандидатите ќе биде побарано да дадат индикатори за тоа како нивната организација работи за да постигне инклузивни и достапни лидерски позиции за маргинализираните/малцинските групи.
Проектите кои ќе бидат оценети како најдобри ќе бидат наградени а износ од 3500 евра, како финансиска поддршка за спроведување и развој на иницијативите. Крајниот рок за поднесување проекти е 18 март 2024 година.