На крајот од мојот Еразмус+ волонтерски проект во Libera Scuola Waldorf од Палермо имав шанса да направам мала работилница од две недели со девојчињата од 6-то одделение.
Во тие две недели ги научив на некои акробатски вештини и сами правевме жонглирање со топки.
Главната цел на оваа работилница беше да им се даде можност на децата да научат повеќе за светот на циркусот, притоа откривајќи ги нивните креативни вештини и способности. Една од секундарните цели беше цело време да се зборува на англиски со децата за да имаат шанса и тие да ги подобрат своите јазични вештини и да научат еден вид на вокабулар што вообичаено не би го научиле на училиште. На мојот последен ден на училиште ги презентиравме нашите резултати пред родителите и пред некои наставници.
1. учење да се градат човечки пирамиди.
Прво им објаснив некои важни основни положби и движења за кои мораа да се грижат додека стојат на човечки тела.

Чекор по чекор дојдовме до многу убави резултати и изградивме пирамиди од две, три и на крајот пет деца.

2. учење да се прават топки за жонглирање.
За оваа задача ставаме брашно во балон за добро да се наполни.
Над овој балон ставаме уште два каде прво го пресековме горниот дел.
После тоа им покажав како се жонглира со две-три топки, а девојките се обидоа да жонглираат и со сопствените топки.